Tiny Me Shop е создаден со љубов и знаење од тимот зад детскиот бутик Пепелашка – бренд кој со гордост постои повеќе од 20 години во Прилеп, и кој со текот на времето израсна во симбол за квалитет, доверба и стилска детска облека.

Со децениско искуство и директен контакт со илјадници родители, ја научивме најважната лекција – родителите сакаат безбедни, практични и одржливи решенија за своите деца. Токму од таа потреба се роди Tiny Me – нашата нова производствена линија посветена на повеќекратна употреблива на пелени за бебиња, направени со внимание, грижа и локално производство.

Секој производ од Tiny Me е резултат на знаење, тестирање и љубов – произведено тука, во Македонија, од мајки за мајки. Со квалитетни материјали, функционален дизајн и пријателски пристап кон природата, веруваме дека малите чекори – како користење повеќекратни пелени – прават голема разлика.

Затоа што знаеме што навистина им треба на родителите.

И уште повеќе – знаеме како да го направиме тоа.